Vita Nova со нов бренд и помоќна дигитална комуникација

Vita Nova е македонска компанија специјализирана за дистрибуција на суровини и состојки за прехранбената, фармацевтската и козметичката индустрија. Со присуство во Македонија, Албанија, Косово и Србија, компанијата со години гради партнерства со светски производители и обезбедува решенија за некои од најголемите компании во регионот.

Нашата задача беше да го усогласиме начинот на кој компанијата изгледа и комуницира со нивото на професионалност што веќе го поседува.

Предизвикот

Иако Vita Nova е компанија со сериозно регионално присуство и долгогодишно искуство, нејзиниот визуелен идентитет и комуникација не ја претставуваа реалната големина и позиција на брендот. Дел од материјалите беа создадени во различни периоди, без единствен визуелен систем и без јасни стандарди за комуникација.

Предизвикот беше да изградиме поконзистентен бренд што ќе изгледа современо, професионално и усогласено на сите точки на контакт со клиентите.

Анализа на брендот

Проектот започна со детална анализа на брендот и неговата комуникација. Ги анализиравме веб страницата, социјалните медиуми, презентациските материјали, работните текови и начинот на кој компанијата комуницира внатрешно и со своите партнери.

Паралелно ја анализиравме и позицијата на конкуренцијата, како и постојните маркетинг процеси, активности и алатки што ги користеше компанијата. Целта беше да ги идентификуваме сите точки каде што постои простор за подобрување и да поставиме јасна насока за понатамошен развој.

Ребрендирање и визуелен систем

По анализата пристапивме кон целосно освежување на визуелниот идентитет. Изработивме brandbook што постави јасни стандарди за користење на брендот, боите, типографијата и комуникацискиот стил.

Покрај тоа, креиравме product showcases и различни рекламни материјали што овозможија производите и партнерствата на Vita Nova да бидат претставени на многу попрофесионален и поконзистентен начин. Новиот визуелен систем овозможи компанијата конечно да изгледа како бренд што соодветствува на нејзината реална позиција на пазарот.

Социјални медиуми

Целосно го преземавме менаџирањето на Facebook, Instagram и LinkedIn каналите на Vita Nova. Воспоставивме нов пристап кон содржината, визуелниот изглед и начинот на комуникација.

Креираме професионални објави, подготвуваме содржини и описи, ги организираме календарите за објавување и се грижиме за конзистентноста на брендот на сите канали. Со подобрување на визуелниот изглед и поквалитетна комуникација, социјалните медиуми добија значително попрофесионален изглед, а резултатите и метриките почнаа природно да растат.

Комуникации и обуки

Во текот на соработката организиравме повеќе состаноци и обуки со тимот на Vita Nova. Фокусот беше ставен на брендинг, дигитална комуникација и поврзување на маркетинг активностите со продажните процеси на компанијата.

Денес функционираме како продолжена поддршка на нивниот тим за сите прашања поврзани со дигиталниот дел од работењето. Без разлика дали станува збор за дизајни, кампањи, содржини или секојдневни маркетинг активности, нашата улога е да обезбедиме континуирана поддршка и насока.

Маркетинг кампањи

Покрај брендингот и содржините, работиме и на маркетинг активности што му помагаат на брендот да ја зајакне својата позиција на пазарот. Креираме кампањи насочени кон поголема видливост, достигнување до нови Б2Б клиенти и отворање можности на нови пазари.

Секоја активност е поддржана со анализа и следење на резултатите, што овозможува кампањите постојано да се подобруваат и да носат поголема вредност за компанијата.

Клучни научени лекции

Проектот покажа дека големите компании честопати растат побрзо од нивната комуникација и визуелен идентитет. Кога брендингот, содржината и дигиталната комуникација ќе се усогласат со реалната големина на компанијата, се создава многу посилна и попрофесионална слика пред клиентите и партнерите.

Во случајот на Вита Нова, конзистентноста, јасната комуникација и модерниот визуелен пристап помогнаа брендот подобро да ја претстави својата експертиза и позиција на регионалниот пазар.

Пораснете со LeanBrandz

Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.

Scroll to Top

Закажи состанок
со тимот на LeanBrandz

Пополнете ја подолу кратката апликација

Важно

Соработуваме само со компании кои имаат високи стандарди за квалитет.
Нашите маркетинг услуги се на премиум ниво и очекуваме нашите клиенти да имаат исти вредности.

✅ Доколку сте подготвени да инвестирате во врвни маркетинг услуги кои ќе ја скалираат вашата компанија на ново ниво – тогаш одговорете на прашањата подолу и очекувајте наш повик 👇