Со дигитален маркетинг само небото е граница

Замислете да имате конкретна стратегија која ќе ги информира сите ваши идеални клиенти за вашиот производ или услуга. Покажувајќи им неодоливи реклами кои практично не им оставаат друга опција - освен да кликнат. Сето ова поставено во еден систем кој континуирано го зголемува вашиот приход. Овој систем нема граници. Постојано и непрекинато ќе го зголемува вашиот бизнис.

Експоненцијален раст

Очекувани резултати

Раст на профит

Генерирате повеќе продажби, а со тоа расте и вашиот приход

Зголеменa стапка на конверзија

Добијте повредни потенцијални клиенти

Препознатливост на брендот

Луѓето ќе дознаат за вашиот бренд и вашата компанија

Прилив на клиенти

Континуирано добивајте нови и таргетирани клиенти

Намалени трошоци

Таргетираниот маркетинг ги минимизира трошоците

Незапирлив раст

Растот на вашиот бизнис и профит се безкрајни

Нашата експертиза во акција

Решенија кои ги нудиме

Маркетинг на социјални медиуми

Социјалните медиуми се неопходни за секој бизнис. Но, креирање на реклами на социјалните медиуми е сосема друга бранша. Со прикажување на неодоливи реклами на вашата целна публика, практично невозможно е да не вроди резултат, а растот е неограничен. Можете да го пораснете вашиот приход, да зголемите продажби, да добиете потенцијални клиенти, да ја зголемите посетеноста на вашиот веб-сајт или пак да добиете повеќе закажани состаноци.

Повеќестепен систем за продажба

LeanBrandz ви нуди повеќестепен систем за да ја зголеми стапката на конверзија во вашиот бизнис. Што значи ова? Ова значи да користите „Funnel" е исто како да водите мало дете за рака во продавница за играчки. Така системот ги води вашите клиенти низ вашите услуги. Од првиот момент кога вашиот идеален клиент ќе ја види рекламата, ќе ја кликне, потоа ќе го посети вашиот веб-сајт или сандаче за пораки, па сè до моментот на затворање на продажбата.

Менџамент на социјални медиуми

Редовните објави на социјалните мрежи се клучни за да ги држите вашите следачи загреани. Со помош на ова нема да можат лесно да ве заборават. Со модерни и креативни објави, бројот на вашите посетители органски ќе расте, а со тоа и ќе се зголеми нивната интеракција со вашиот бренд. Од креирање на модерни и специјално брендирани објави за вас, до постирање на истите, LeanBrandz ќе се погрижи за се.

E-mail Маркетинг

Дали имате е-мејл листа од ваши потенцијални клиенти? Доколку немате, дали сакате да направите база со мејлови од вашите потенцијални клиенти? Со помош на професионална е-мејл маркетинг кампања, стапувате во контакт со секој еден од вашите идеални клиенти на персонално ниво, директно на нивниот мејл. Еден на еден. Градите односи, ја зголемувате вашата репутација, а со тоа значително ги зголемувате шансите за продажба на ваш производ или услуга.

Copywriting (Пишување на продажен текст)

Да ​​имате веб-страница е една работа. Но, да имате веб-страница со професионално напишан текст кој ќе ги конвертира вашите посетители во купувачи е сосема друго. Тајната е во психологијата позади секој параграф на вашата веб страница, кој суптилно ги убедува посетителите да го направат вистинскиот избор - да го купат вашиот производ. Ние во LeanBrandz најдобро го знаеме ова, како да го натераме посетителот да го направи вистинскиот избор.

Пораснете со LeanBrandz

Доколку сакате да имате се-во-еден партнер покрај вас, контактирајте нè за загарантиран раст на вашиот бренд

Scroll to Top