Целосно брендирање
на вашиот бизнис

Графиката е идентитетот на вашиот бизнис. Дали вашиот бренд треба да биде облечен како бездомник или да зрачи со елеганција? Изгледот на вашиот бренд е клучен за првиот впечаток, а сите знаеме дека првиот впечаток е најважен. Брендингот го диктира статусот на вашиот бренд.

Затоа го имате LeanBrandz како ваш персонален дигитален стилист.

ШТО ВСУШНОСТ ПРАВИМЕ?

Го истакнуваме вашиот бренд

Професионално лого

Логото е од есенцијално значење за секој бизнис бидејќи ја претставува уникатноста и модерноста на еден бренд, а со тоа ја зголемува препознатливоста на истиот. Пренесува професионализам и гради доверба кај потенцијалните клиенти, правејќи го вашиот бренд незаборавлив. Со LeanBrandz добивате персонализирано векторско лого специјализирано за вашиот бизнис. За нас е исклучително важно крајниот резултат да ги исполнува вашите замисли, и што е најважно совршно да се вклопува во вашиот бренд и вашата компанија.

Објави за на социјални медиуми

Во денешно време и повеќе од јасно е дека социјалните медиуми се еден од главните фактори кои влијаат на вашите продажби и ја градат репутацијата на вашиот бренд. Повеќе од 80% од луѓето купуваат производи одкако веќе ги имаат видено на Instagram. Неопходно е вашите објави да изгледаат врвно и професионално. За ваша среќа, тука ние настапуваме. Со LeanBrandz вашите профили на социјалните мрежи ќе добијат уникатност, елеганција и модерност.

Добијте брендирани вирални „reels“

Креираме професионални reels за вашиот бренд.

Во моментов, Instagram reels и TikTok се најдобрите платформи за органски раст. Без користење на платени реклами, само со постирање на видеа  можете да допрете до нова публика, надвор од вашите моментални следбеници. Дури и да станете вирални.

Овие платформи се исто така многу ефективни во градење на лични односи со вашата публика. Но, за тоа ви требаат интересни и примамливи видеа кои го привлекуваат и задржуваат вниманието на вашата публика. И се разбира, да изгледаат професионално.

Дизајни подготвени за печатење

Доколку сте сопственик на бизнис, сигурно знаете колку е важен квалитетниот брендинг. Но, што го прави вашиот бренд уникатен? Дизајнот кој треба да остави незаборавен впечаток на лицето што го гледа. Имајќи елегантен дизајн целосно подготвен за печатење за на било каков материјал, прави да изгледате професионално и ќе ја наведе другата личност кон љубопитност за подобро да го запознае вашиот бизнис. LeanBrandz може да ја претвори вашата идеја во секаков вид дизајн, подготвен за употреба и печатење.

НАПРАВЕТЕ ГО ВАШИОТ БРЕНД УНИКАТЕН

Преостанати брендинг услуги

Визит карти

Флаери

Брошури

Дизајн за амбалажа

Билборди

Менија

Меморандум

E-mail брендинг

Scroll to Top