Односи со јавност
LeanBrandz ви помага за постојан развој на вашиот бренд и го позиционира високо пред широката публика. Нашата професионална комуникација со медиумите помага вашата приказна да стигне до вистинските луѓе. Преку континуирана соработка со влијателни личности и тековна промоција на вашата компаниска култура, му помагаме на вашиот бренд да стане релевантен и да се позиционира високо на врвот.

Односи со медиуми
Овозможуваме медиумска покриеност
LeanBrandz се грижи вашата приказна да стигне до медиумите и медиумските професионалнци, кои се најважни за вашата индустрија. Ние создаваме неповторливи приказни, градиме цврсти медиумски односи и обезбедуваме покриеност што ја заслужува вашиот бренд. Без разлика дали лансирате производ или споделувате одредена новост во вашиот бизнис, ние ви помагаме да се истакнете и да останете во центарот на вниманието. Дозволете ни да бидеме мостот меѓу вашиот бренд и светот.
Управување со кризи
Ја штитиме вашата репутација
Кога ќе се појават предизвици на патот кон успехот, LeanBrandz смело настапува за да го води вашиот бренд низ бурата. Кога нашиот тим управува со кризни ситуации создава доверба преку јасни планови и пласирање искрени пораки, одржувајќи ја вашата репутација недопрена. Од стратегии за брз одговор до долгорочно закрепнување од кризата, нашиот тим ќе се погрижи вашата приказна да остане моќна. Бидете секогаш подготвени за кризните ситуации и дозволете ни да ја заштитиме иднината на вашиот бренд.
Организација на настани
Make Moments That Matter
LeanBrandz ги претвора идеите во незаборавни искуства. Од сложени настани до интимни собири, го планираме секој детал за да ја оствариме вашата визија. Нашите настани поттикнуваат бизнис конекции, слават нови достигнувања и придонесуваат за подобрување на општото влијание на вашиот бренд. Дозволете ни да создадеме моменти кои вашата публика долго ќе ги памети.
Соработка со инфлуенсери
Максимизирана видливост
Нашите партнерства со врвни инфлуенсери ви овозможуваат брз напредок, зголемена видливост и загарантиран раст на вашиот профит. Без разлика дали лансираме нов производ или ја зајакнуваме вашата приказна, ние создаваме долгорочни соработки кои го максимизираат вашиот раст. Дозволете ни да ви помогнеме да ја искористите моќта на инфлуенсерите за да го зголемите медиумското присуство пред вашата публика.
Компаниска култура
Покажете ја вредноста на вашиот тим
LeanBrandz ви помага да искреирате приказна за вашата компанија која ќе се разликува од онаа на конкуренцијата. Го потенцираме она што го прави вашиот тим уникатен, преку интензивна промоција на компаниските вредности, градиме доверба со вашиот моментален тим и со идните таленти. На овој начин го зголемуваме чувството на гордост кај вашите вработените кои се клучен дел од вашата компанија. Преку стратешки и успешни приказни значително се зголемува можноста врвните таленти да сакаат да станат дел од вашата компанија. Со LeanBrandz вашиот бизнис ќе стане магнет за привлекување на талентирани умови.
Пораснете со LeanBrandz
Доколку сакате да имате се-во-еден партнер покрај вас, контактирајте нè за загарантиран раст на вашиот бренд