Аналитика и извештаи
LeanBrandz ви помага да ги искористите податоците во реално време со примена на иновативни методи за значително зголемување на профитот. Ви помагаме да ги конвертирате податоците во стратегии коишто водат до победи. Нашите детални анализи ви помагаат непрекинато да го подобрувате вашиот бизнис, додека нашите кориснички панели ви нудат лесно и ефективно прикажување на важните информации добиени од веќе направените анализи. Со помош на овие работи, вашата стапка на конверзија значително ќе се подобри, при што вашиот профит ќе достигне нови рекорди.

Следење на перформанс
Доминирајте со прецизност
Со LeanBrandz ќе можете да ги уловите трендовите и брзо го приспособите вашиот бизнис на истите. Без разлика дали станува збор за идентификување на можности за раст на бизнисот или за оптимизација на тековните кампањи, ние ви помагаме да останете проактивни. Со јасен и детален увид во бизнис перформансот, податоците од тековниот развој лесно ќе ги преточите во траен успех.
KPI панели за анализа
Го истакнуваме најважното
LeanBrandz ви испорачува специјално дизајнирани KPI панели наменети за анализа и увид со цел на едноставен начин да ги прикажат сите важни информации за вашиот бизнис. KPI панелите овозможуваат анализа на перформансот на кампањите и анализа на начинот на функционирање на вашата публика. На овој начин, анализата на податоци која води до загарантиран успех за вашиот бизнис никогаш не била полесна.
Оптимизација на стапката на конверзија
Извлечете максимум од секој клик
LeanBrandz ви помага да го извлечете максимумот од секој клик. Со професионална веб страница и прецизно сетирање на кампањите, потенцијалниот интерес го претвораме во вистинска акција. Нашите докажани стратегии и A/B тестирањето откриваат што функционира најдобро за пораст на профитот на вашата компанија. Со оптимизација според јасните податоци, ви помагаме значително да ја подобрите комуникацијата со вашата публика, и зголемите стапката на конверзија што ќе резултира со развивање на вашиот бизнис до степен на совршенство.
Консалтинг за анализа на податоци
Бизнис одлуки кои ве носат до врвот
Тимот на LeanBrandz ви покажува како најдобро да ги искористите податоците со кои располагате со цел подобрување на моменталната состојба на вашата компанија. Ќе ви покажеме како да ги поедноставите сложените анализи за да можеме да ги трансформираме во јасни комуникациски, бренд и бизнис стратегии кои можат лесно да се имплементираат. Со помош на нашиот тим ќе дознаете дали податоците со кои располагате се вредни за целокупниот напредок за вашиот бизнис. Станете наш партнер и започнете да носите бизнис одлуки кои ќе ве лансираат кон врвот.
Пораснете со LeanBrandz
Доколку сакате да имате се-во-еден партнер покрај вас, контактирајте нè за загарантиран раст на вашиот бренд