Урбан Сити Проект: со маркетинг систем за продажба на луксузни станови

Урбан Сити Проект е градежна компанија со повеќе од тринаесет години искуство во изградба на станбени и деловни објекти низ цела Македонија. Компанијата е препознатлива по вниманието кон детали, квалитетната изведба и современиот архитектонски пристап. Нашата маркетинг соработка започна со јасна цел продажбата на високо луксузни станбени единици да се поддржи со структуриран и континуиран дигитален маркетинг.

Предизвикот

Продажбата на луксузни станбени единици бара поинаков пристап од класичното рекламирање. Потенцијалните купувачи носат одлуки внимателно и очекуваат јасни информации, доверба и визуелна презентација што ја одразува реалната вредност на објектите. Предизвикот беше да се изгради маркетинг систем што ќе ги истакне квалитетот, локацијата и архитектурата, а истовремено ќе овозможи лесен контакт и јасен продажен процес.

Маркетинг кампањи

На месечно ниво креираме и лансираме различни маркетинг кампањи на социјалните медиуми со јасна цел продажба на станбените единици. Кампањите се поставени со различни пораки, формати и таргетирања, прилагодени за различни типови публика и интереси.

Поставивме настани, пиксели и формулари за брза комуникација, како и повеќе лендинг страници наменети за поедноставување на продажниот процес. Секојдневно ги следиме бројките и статистиките од рекламите, со цел навремено да правиме корекции и да ги подобруваме резултатите. Овој пристап овозможува кампањите да бидат постојано оптимизирани и насочени кон реални купувачи.

Фото и видео продукција

За да се прикаже реалната вредност на станбените единици, редовно реализираме професионално снимање и фотографирање директно на терен. Снимаме ентериери, екстериери и детали од објектите со професионална опрема, со цел да создадеме продажни видеа и визуелни материјали наменети за рекламни кампањи на социјалните медиуми.

Овие видеа и фотографии овозможуваат потенцијалните купувачи уште при првиот контакт да добијат јасна слика за просторот, архитектурата и квалитетот на изведбата.

Контент стратегија и одржување

Покрај рекламните кампањи, креираме и месечен план за органски објави на социјалните медиуми. Содржините се насочени кон претставување на објектите, текот на градбата, деталите од станбените единици и предностите што ги нуди Урбан Сити Проект.

Објавите се внимателно планирани за да го одржат интересот на публиката и да создадат континуирано присуство на брендот на Facebook и Instagram.

Проактивност и комуникации

Нашата соработка не се сведува само на извршување на договорените активности. Континуирано даваме идеи, совети и сугестии за подобрување на комуникацијата, начинот на претставување и изборот на промотивни пораки. Во постојана сме комуникација со тимот на Урбан Сити Проект со цел секоја активност да биде навремена, усогласена и насочена кон резултати.

Следење, анализа и усовршување

Сите активности се проследени со редовна анализа и следење на резултатите. Податоците од кампањите, интересот од публиката и бројот на контакти се користат за континуирано усовршување на маркетинг стратегијата. Овој процес овозможува секој следен чекор да биде подобро прилагоден и поефикасен од претходниот.

Пораснете со LeanBrandz

Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.

Scroll to Top

Закажи состанок
со тимот на LeanBrandz

Пополнете ја подолу кратката апликација

Важно

Соработуваме само со компании кои имаат високи стандарди за квалитет.
Нашите маркетинг услуги се на премиум ниво и очекуваме нашите клиенти да имаат исти вредности.

✅ Доколку сте подготвени да инвестирате во врвни маркетинг услуги кои ќе ја скалираат вашата компанија на ново ниво – тогаш одговорете на прашањата подолу и очекувајте наш повик 👇