Systemic Coaching Academy: Идентитет што привлекува лидери
Systemic Coaching Academy е организација посветена на развој на коучинг култура заснована на системски пристап. Со години ја гради својата репутација меѓу професионалци, лидери и HR експерти.
Предизвикот
Во пресрет на големата конференција закажана за ноември, беше неопходно да се подигне визуелната и дигиталната комуникација на ново, попрофесионално ниво.
Требаше:
- Да се искреира содржина што ќе ја рефлектира вредноста и сериозноста на коучингот
- Материјали што инспирираат самодоверба и лидерска визија
- Јасна, фокусирана и комуникациска стратегија за промоција на конференцијата
Решението: Редефинирање на целокупната стратегија
Надградбата на визуелниот авторитет на академијата го распределивме во три столба:
- Професионална фотосесија
- Продукција на висококвалитетни видеа
- Лендинг страница за конференцијата
Професионална фотосесија
Организиравме фотосесија со основачите и главните коучеви на академијата.
Целта беше да се прикаже нивниот авторитет, но и пристапност – со фотографии кои зрачат со професионалност, но и со топлина, близина и љубов.
Видео продукција што зрачи професионалност
Креиравме сет од видеа што го доловуваат системскиот коучинг на едноставен, но моќен начин.
- Високо-квалитетни интервјуа
- Key message клипови
- Визуелно привлечни изјави
Лендинг страница за коучинг конференцијата
Изработивме наменска лендинг страна што ја претставува конференцијата како must-attend настан за секој лидер и HR професионалец. Фокусот беше на:
- Вредноста на темите
- Експертизата на говорниците
- Формулар за пријава оптимизиран за мобилни корисници
- Визуелна консистентност со останатиот бренд идентитет
Клучни научени лекции
Systemic Coaching Academy сега има силна основа за визуелна и комуникациска експанзија – не само во контекст на конференцијата, туку и во долгорочна презентација на своите програми, тренинзи и експертиза.
- Видеата веќе се користат како клучна алатка во онлајн кампањите и претставувањето
- Лендинг страната станa примарен канал за информирање и пријавување за конференцијата
- Интересот и раните пријави за конференцијата покажаа значително зголемување по имплементирање на новата стратегија и пристап.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.




