Prestige

Зошто да го изберете овој пакет?

Prestige

По договор*

Вклучено е се од StartSmart и GrowPro пакетите

Сеопфатна брендинг стратегија

Напредни рекламни кампањи според потребите на бизнисот

Целосна комуникациска маркетинг стратегија

Oдржување на социјалните медиуми на сите релевантни платформи (креирање на објави + менаџмент)

Проактивен развој на бизнисот според добиени метрики

Целосно менаџирање на блог секцијата на вашиот сајт (пишување и објавување на статии)

Ефективна SEO оптимизација

Целосен менаџмент на е-маил кампањи

Анализа на конкуренцијата и пазарот

Креирање персонализирана содржина во различни модерни формати

Месечни извештаи и стратешки консултации

Сеопфатна брендинг стратегија

Сеопфатната брендинг стратегија е долгорочен план за високо позиционирање на вашиот бренд на пазарот. Таа ги дефинира клучните елементи како што се визуелниот идентитет, мисијата и пораките на брендот. Оваа стратегија ќе ви помогне да создадете јасна и привлечна слика за вашиот бренд која ќе влијае врз перцепцијата на потрошувачите и нивните одлуки за купување.

Напредни рекламни кампањи

Оваа услуга вклучува креирање и управување со напредни платени рекламни кампањи прилагодени на специфичните потреби на вашиот бизнис. Тоа може да вклучува реклами на социјални медиуми или други форми на дигитално рекламирање. Овие реклами се специјално искреирани од страна на професионални маркетери и се персонализирани за секој бизнис поединечно. Постојано се оптимизира, со цел подобрување на секојдневните резултати. Наменета е да генерира повеќе клиенти, продажби и најважното, зголемен профит.

Целосна комуникациска маркетинг стратегија

Комуникациската маркетинг стратегија го одредува начинот на кој вашиот бизнис ќе комуницира со целната публика преку различни канали. Таа ги дефинира клучните пораки, целната група и медиумите преку кои ќе се пренесуваат тие пораки. Оваа стратегија прави вашиот бренд да биде конзистентен и ефективен во привлекувањето и задржувањето на вниманието на потрошувачите.

Oдржување на социјалните медиуми на сите релевантни платформи

Оваа услуга вклучува професионално управување со вашите профили на социјалните медиуми како Facebook, Instagram и други релевантни платформи. Тоа подразбира креирање и објавување на специјално дизајнирана содржина од страна на графички дизајнери и видео монтажери, комуникација со следбениците и следење на перформансите. Со оваа услуга, вашиот бренд ќе одржува активно присуство на социјалните медиуми, градејќи силна заедница околу вашиот бизнис.

Целосно менаџирање на блог секцијата на вашиот сајт

Целосното менаџирање на блог секцијата на вашиот сајт е сеопфатна услуга која ја трансформира вашaта веб страница во моќна алатка за привлекување и задржување на клиенти. Оваа услуга не само што ќе го одржува вашиот сајт свеж и актуелен, туку и ќе генерира вреден органски сообраќај, претворајќи ги посетителите во потенцијални клиенти. Со професионално менаџиран блог, вашиот бизнис полека ќе се претвори во магнет за клиенти.

Проактивен развој на бизнисот според добиените метрики

Оваа услуга вклучува континуирано следење и анализа на клучните показатели на перформансите (KPIs) на вашиот бизнис. Врз основа на овие метрики, развиваме и имплементираме проактивни стратегии за подобрување на позицијата на бизнисот во индустријата. Овој пристап значително ќе ви олесни да донесувате попрецизни одлуки базирани на реални податоци со една и единствена цел, постојано зголемување на профитот на вашиот бизнис.

Целосен менаџмент на е-маил кампањи

И-мејл маркетингот е моќен начин кој ви овозможува директна комуникација со вашите клиентии и следбеници. На овој начин можете да испраќате хипер-персонализирани мејлови со релевантни содржини суптилно измешани со продажни елементи. Оваа услуга вклучува планирање, пишување на мејловите, целосен менаџмент со системот за и-мејл кампањите, како и следење на перформансите преку метрики како "Open rate Click-through rate и Bounce rate". Дополнително, оваа услуга ви овозможува да реализирате продажни кампањи, како промоции, акции и попусти.

Анализа на конкуренцијата и пазарот

На овој начин можете да ги идентификувате вашите реални конкуренти и да ги откриете нивните предности и слабости. Оваа услуга вклучува детално истражување на вашата индустрија, анализа на стратегиите на конкурентите, и идентификување на нови можности за раст на пазарот. Со овој сеопфатен пристап, ќе добиете јасна слика за вашата позиција на пазарот и ќе можете да развиете стратегии кои ќе ве издвојат од конкуренцијата, овозможувајќи ви да привлечете повеќе клиенти и да го зголемите вашиот профит.

Целосен брендинг за вашиот бизнис

Креирање персонализира содржина од аспект на визуелен брендинг е клучен елемент за модерниот и професионален изглед на вашиот бизнис. Од професионално лого, брендбук и графики/креативи наменети за подобрување на онлајн присуството на вашиот бизнис до модерни формати на видеа (вклучувајќи Faceless, снимени и целосно анимирани), па дури и фантастични дронски снимки, вашиот бренд ќе биде целосно покриен во сите области. Оваа услуга вклучува и дизајни на брошури, флаери, каталози, менија, билборди, визит карти, дури и дизајн на амбалажа за вашиот производ кои се целосно подготвени за печатење. Ние ги опфаќаме апсолутно сите аспекти од визуелниот брендинг на вашиот бизнис.

Организација на конференции и настани

Организацијата на конференции и настани е сеопфатна услуга која ги покрива сите аспекти на планирањето и реализацијата на вашиот деловен настан. Ќе добиете беспрекорно искуство за вашите гости, обезбедувајќи професионална атмосфера која го рефлектира идентитетот на вашиот бренд и ги исполнува вашите деловни цели. Со нашата професионална поддршка, вие може да се фокусирате на содржината и вмрежувањето, додека ние се грижиме за сите логистички и технички предизвици, обезбедувајќи настан кој ќе остави траен впечаток кај учесниците.

Ефективна SEO оптимизација

SEO оптимизацијата вклучува низа техники за подобрување на видливоста на вашата веб страница на резултатите од пребарувањето. Ова вклучува оптимизација на содржината, техничка оптимизација на сајтот, целосно менаџирање на блог секцијата на веб страницата и градење на квалитетни линкови (backlinks). Успешна SEO стратегија ќе ви помогне да привлечете повеќе органски посетители на вашиот сајт, зголемувајќи го вашиот онлајн авторитет и можноста за конверзија на посетителите.

Месечни извештаи и стратешки консултации

Оваа услуга вклучува редовно доставување на детални извештаи за перформансите на кампањите и тековните маркетинг активности, како и стратешки консултации за нивно подобрување. Ќе добивате јасен преглед на постигнатите резултати и професионални совети за идните чекори. Овие консултации ќе ви помогнат да останете во тек со најновите трендови и да ја оптимизирате вашата маркетинг стратегија за максимален успех.

Што можете да очекувате од PRESTIGE?

Со Prestige пакетот, ќе доживеете експлозивно зголемување на профитот и ќе постигнете високо позиционирање во вашата индустрија. Вашиот бизнис ќе добие конзистентна и уникатна промоција, како онлајн така и офлајн, што ќе резултира со впечатливо зголемување на видливоста и зајакнување на вашиот бренд идентитет. Додека вие се фокусирате на водењето на вашиот бизнис, нашиот тим ќе се грижи за сите аспекти на маркетингот, обезбедувајќи ви конкурентна предност и континуиран развој. Овој пакет е вашиот клуч за авторитетно присуство на пазарот и долгорочен успех.

Јавете се или пишете ни

Го направивте вашиот избор? Исконтактирајте не бидејќи, време е за промена.

Е-МЕЈЛ
ТЕЛЕФОН
РАБОТНИ ЧАСОВИ

Испратете ни е-мејл, а ние ќе ви одговориме во најбрз временски рок.

Scroll to Top