Premium Smash Burger: кога добар производ добива уште подобар маркетинг
Premium Smash Burger е бренд кој се наоѓа во East Gate Mall во Македонија и е препознатлив по своите премиум смеш бургери подготвени од 100 проценти чисто јунешко месо. Местото се издвојува по чистотата на локалот, квалитетот на услугата и вкусот на храната, што го позиционира како еден од најдобрите избори за бургери на локалниот пазар.
Нашата маркетинг соработка со Premium Smash Burger започна со јасна цел брендот да се комуницира доследно, професионално и видливо, со фокус на квалитетот што реално го нуди
Предизвикот
Premium Smash Burger влезе на пазар кој е исклучително заситен со понудата на бургери, особено во рамки на трговските центри. Иако врвниот квалитетот на храната, услугата и чистотата беа на високо ниво уште од самиот почеток, предизвикот беше тоа јасно и постојано да се пренесува до публиката на начин кој е интересен, модерен и динамичен. Потребно беше брендот да се издвојува визуелно и комуникациски и да изгради стабилно присуство што ќе биде препознатливо и доследно на сите дигитални канали.
Визија и позиционирање
Визијата беше Premium Smash Burger да се позиционира како премиум место за бургери, каде секој детал зборува за квалитет. Од изборот на состојки, преку изгледот на локалот, до начинот на комуникација. Позиционирањето се темели на јасна порака дека станува збор за бургери подготвени со 100 проценти чисто јунешко месо, премиум состојки, светски позната smash техника, врвна услуга и високи стандарди на хигиена. Нашата задача беше оваа визија да ја претвориме во препознатлив бренд кој изгледа и комуницира како премиум избор.
Маркетинг кампањи
На месечно ниво лансираме од пет до десет различни рекламни кампањи со различни цели. Кампањите се внимателно осмислени и меѓусебно различни, со таргетирање на различни области и демографски групи. Дел од кампањите се насочени кон зголемување на видливоста, а дел кон раст на бројот на следбеници на социјалните мрежи. Овој пристап овозможува брендот постојано да биде присутен и актуелен на сите поголеми платформи (Facebook, Instagram, TikTok, Youtube).
Фото и видео продукција
Редовно реализираме фотографирање и снимање со професионална опрема, директно во локалот. Фокусот е на храната, подготовката, деталите и атмосферата во локалот. Креираме брзи, интересни и тренди видеа кои одговараат на современиот стил на публиката. Дел од видеата се реализираат со актерка која е дел од LeanBrandz, што дополнително ја збогатува содржината и и дава препознатлив повпечатлив карактер.
Бренд материјали и визуелен систем
Визуелниот систем на Premium Smash Burger е изграден околу црно златна палета која јасно асоцира на премиум квалитет. Златната боја е клучен елемент и симболизира вредност, квалитет и внимание кон деталите. Логото е кружно, златно и визуелно стабилно, што му дава силно и препознатливо присуство. Сите материјали што ги креираме се усогласени со овој систем, без отстапувања, што создава доследен и професионален изглед на брендот на сите платформи.
Маркетинг и контент стратегија
Маркетинг и контент стратегијата е поставена така што секоја објава има јасна улога. Креираме содржини што ја прикажуваат храната, атмосферата и искуството во локалот на директен и привлечен начин. Комуникацијата е динамична, но секогаш усогласена со премиум карактерот на брендот. Содржините се планираат однапред, но истовремено се прилагодуваат според актуелни промоции, сезони и активности во рамки на East Gate Mall и нивните соработници.
Проактивност и комуникации
Нашата улога не се сведува само на извршување. Континуирано даваме совети и сугестии за подобрување на комуникацијата, промоциите и начинот на претставување. Во постојана комуникација и координација сме со East Gate Mall, Корпа, инфлуенсери и други соработници, со цел секоја активност да биде навремена, усогласена и максимално ефикасна.
Следење, анализа и усовршување
Секојдневно ги следиме и анализираме резултатите од сите активности и кампањи. Анализата ни овозможува да утврдиме што функционира најдобро и каде има простор за подобрување. Врз основа на овие податоци ја прилагодуваме стратегијата, содржините и визуелниот пристап, со цел брендот постојано да напредува, да ги следи трендовите и да остане релевантен.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.








