PelleItalia: премиум кожарство со нов бренд, веб сајт и маркетинг поддршка
PelleItalia е бренд со долгогодишна традиција во производство и дистрибуција на висококвалитетна италијанска кожа, наменета за мебел, автомобилска индустрија, галантерија и други професионални употреби. Нашата задача беше да го претставиме брендот во дигитален и визуелен формат што одговара на неговото високо квалитативно ниво, со веб-страница, визуелен идентитет и систем на лесна навигација, за да ги доближиме производите и услугите до меѓународни и локални клиенти.
Предизвикот
PelleItalia работи во индустрија каде квалитетот, прецизноста и довербата се основа. На почеток, компанијата немаше дигитален изглед што соодветно ја одразува оваа вредност. Требаше да создадеме веб-сајт што ќе ги прикажува сите типови кожа, бои и услуги, со јасна и многу прецизна организација, лесна навигација и естетика што ќе и одговара на премиум природата на брендот. Потребно беше да се изгради нов визуелен јазик што нуди структурирана и професионална презентација, без непотребен визуелен шум, со фокус на функционалност и препознатливост.
Веб-страница
Изработивме веб-сајт што ја прикажува целата понуда на PelleItalia: сите категории на кожа, бои и услуги се детално излистани и подредени по јасна логика. Секој производ и секоја услуга имаат сопствен опис, фотографии и прегледна структура, што ја прави навигацијата едноставна и природна. Веб сајтот е респонзивен, прилагоден за мобилни уреди и функционира ултра брзо.
Визуелниот стил е современ, со внимателна палета и елегантен дизајн што одговара на луксузниот карактер на кожата. Овој пристап ја прави страницата прва точка на контакт што дава јасна слика за брендот и квалитетот што стои зад него.
Визуелен идентитет
Ги редизајниравме визуелните елементи кои ја одразуваат премиум природа на PelleItalia: логото, палетата, типографијата и графичките елементи. Се е искреирано за да емитира елеганција, професионализам и конзистентност. Овој визуелен систем е доволно флексибилен за да функционира на веб, како и низ сите дигитални материјали — каталози, социјални медиуми, презентации, документи.
Со овој пристап брендот доби препознатливо лице што ја носи традицијата на италијанската кожа во модерна, меѓународна форма.
Маркетинг и поддршка на продажба
Покрај веб-страницата и визуелниот идентитет, поставивме маркетинг систем што овозможува промоција и продажба на глобално ниво. Внимателно искреирана стратегија со избрани содржини, фотографии, опис на материјали, категории, бои и услуги, се искористени за дигитални кампањи и дистрибуција кон одбрана публика преку разни платформи (Linkedin, Instagram, Facebook, и-мејл маркетинг). Овој пристап придонесе за подобра ориентација на потрошувачите и ги истакна придобивките од изборот на производите и услугите на PelleItalia.
Резултати
PelleItalia доби современа и модерна веб-страница која ги презентира сите аспекти од понудата, видливо, јасно и лесно за користење, а визуелниот идентитет ја потенцираше елеганцијата, конзистентноста и довербата. Брендот сега се постои како утврден и професионален добавувач на висококвалитетна кожа, со јасен дигитален отпечаток и врвен брендинг.
Овој проект ја зајакна позицијата на PelleItalia како бренд што нуди премиум кожа и создаде солидна основа за проширување на нови пазари и остварување на нови соработки.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.