МСА Компани: ребрендирање и нова веб страница
МСА Компани е Македонска компанија од Скопје што проектира, произведува и инсталира детски игралишта и спортски подлоги за јавни простори, трговски центри и приватни објекти. Компанијата е активна на пазарот од 2008 година и има сопствена производствена линија за внатрешни и надворешни игралишта. Во портфолиото се вклучени и иновативни системи за игра, како Free Cage, дизајнирани да поттикнуваат активна и безбедна игра.
Предизвикот
Пазарот на игралишта и урбана опрема во Македонија и регионот е динамичен и барање е високо. Основните пречки што МСА Компани требаше да ги надмине беа:
- Силна конкуренција на локалниот и регионалниот пазар.
- Нееднакви стандарди во дизајнот и безбедноста кои влијаат на довербата кај клиентите.
- Недоволна дигитална презентација што не ги покажува вистинските производствени капацитети и квалитети.
- Потреба да се позиционира како бренд со иновации и доверливост за проекти со јавен карактер.
Визуелен идентитет
Првиот чекор беше изградба на ново, векторско лого подготвено за печат и употреба за на веб. Знакот следи принцип на геометриска јасност и стабилност. Боите и типографијата комуницираат детска игра, доверба и безбедност
Главни карактеристики:
- Векторска изведба за совршено скалирање и широка употреба
- Минималистички баланс меѓу форма и читливост
- Логото зрачи со свежина, модерност и ги отсликува компаниските вредности
Веб-страница
Веб страницата е модерна, јасно го следи бренд идентитетот на МСА Компани, има чиста структура и лесна навигација низ сите категории. Категориите ги покриваат надворешните и внатрешните игралишта, опрема и подлоги за спортски терени, со целосни решенија од проектирање до инсталација.
Главни карактеристики:
- Категоризација по типови на производи и позиции
- Визуелни галерии со реализирани проекти
- Опис за компанијата и нејзините вредности
Клучни научени лекции
Работата на овој проект уште еднаш потврди дека долгорочниот успех не зависи од еден елемент, туку од внимателно усогласена стратегија, јасен визуелен идентитет и квалитетна дигитална презентација.
- Добро организираната веб-страница значително им помага на потенцијалните клиенти побрзо да ги пронајдат потребните информации, а со тоа и ја подобрува положбата на самиот бренд.
- Конзистентниот визуелен идентитет гради препознатливост и доверба во секоја точка на комуникација.
- Успешниот редизајн не ја брише историјата на брендот, туку ја надградува.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.