McVili's Burgers: Дигитална трансформација што го освои Охрид
Нашата задача беше да се изгради препознатлив бренд кој ќе биде прифатлив и посакуван од страна на пошироката маса. Стимулацијата на неодлучните да станат редовни муштерии беше само мал дел од процесот.
Предизвикот
Целта беше брендирање и дигитална трансформација за да се позиционираат како „authentic food destination“.
Клучните предизвици:
- Недостаток на јасна идентификација („brand identity“).
- Ниска свесност на социјалните медиуми.
- Стратегија и менаџмент на социјални медиуми за зголемена видливост и продажба
Направивме детална анализа на практики кои функционираат на локално ниво, па од истите направивме персонализирана стратегија за McVili’s Burgers.
Решението: Силен брендинг и уникатен идентитет
LeanBrandz примени комбинација на маркетинг практики кои се ефикасни во индустријата со храна, базирани на прецизност, стручност и подготвеност за раст.
- Маркетинг кампањи за подигнување на свеста
- Креирање на уникатни видеа и креативи за на социјални мрежи чија цел беше конверзија на нови следачи
- Унифицирање на брендинг
- Менаџмент на сите социјални медиуми
Менаџмент на социјални медиуми
Динамичната комуникација на социјалните медиуми е неопходна во индустријата со храна поради огромната и презаситена понуда. Нашата задача и цел беше да се издвоиме доволно за да ја надминеме локалната конкуренција.
- Интересни и кратки фрази, особено на Instagram reels (ова е сендвичот што го сакаш!)
- Креирање контент-календар: минимален 3‑4 објави неделно, комбинирани: фотографии, reels, stories и клучни зборови за брендот.
- Охрабрување на интеракција преку детали во опис: броеви за нарачка, реакции, повици на акција („Tag a friend who loves burgers!“).
Унифицирање на брендинг
Креиравме модерен, динамичен визуелен идентитет инспириран од совршените вкусови кои ги има во менито на McVili's Burgers.
- Порамнување на виуелниот идентитет на сите канали за комуникација
- Унификација на сите места: менито, пакувањето, внатрешен и надворешен дизајн.
- Визуелна комуникација насочена кон свежина, љубов и локални географски референци.
Маркетинг кампањи за подигнување на свеста
Развивме целосен маркетинг план за кампањите:
- Стартна промовирана објава на социјалните мрежи со новото име, локација и бенефити
- Редовни промоции за новитети: „новата понуда“ како бејкон сендвичи, препознатливи бургери, посебни даски за прослави и родендени..
- Постојани видео-објави на Instagram, Facebook, TikTok што ја потенцираат вредноста на храната и нејзиниот врвен вкус..
Клучни научени лекции
Нашата задача не беше само „да направиме ребрендинг“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира и претставува традиција.
- Конзистентност во брендингот – секој визуелен елемент одговара на единствена визија.
- Контекстуализирани објави – Instagram/Facebook reels, TikTok видеа што ја поврзаа храната со Охрид и го привлекоа вниманието од страна на локалците и туристите.
- Активно ангажирање – одговори, коментари, интеракција со фановите создадоа чувството на заедница.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.



