Како On Point Store стана популарен мулти-бренд
On Point Store – беше само замисла која одговараше на потребата на градот да има свое место каде сите алтернативци ќе можат да го пронајдат својот стил. Квалитетен материјал, квалитетен принт и крој. Сепак, за јавноста беше сосема непозната замисла.
Квалитетно и автентично лансирање на пазарот беа клучните точки кои ги предложивме за почетокот на соработката.
Предизвикот
Да изградиме целосен бренд и да организираме големо отворање во помалку од 60 дена – со сѐ од стратегија и дизајн до дигитална инфраструктура и физички настан.
Затоа LeanBrandz работеше на:
- Визуелен брендинг
- E-commerce веб страница
- Отворање социјални медиуми
- Воспоставување директна комуникација со таргет публиката
Едноставно, почнавме од нула, моравме да го лансираме брендот како што треба за да ги поставиме темелите за понатамошен развој.
Решението: 360° брендинг трансформација
LeanBrandz спроведе целосна 360° брендинг трансформација, базирана на прецизност, елеганција и подготвеност за раст.
- Дизајн на логотип и визуелен идентитет
- Лансирање на професионална веб-страница
- Порамнување со таргет публиката
- Освежување на пораките и позиционирањето
Изработка на веб страница
Модерен изглед, супер лесна навигација и разбрилив, но помалку урбан начин на комуникација.
- WordPress е-продавница со приоритет на UX/UI за мобилни корисници
- Приказ на производи, колаборации со познати јавни личности и бренд приказни
- Интегрирани повици на акција и визуелни елементи што поттикнуваат продажби
- Back-end оптимизиран за лесна администрација
Маркетинг кампања и социјални мрежи
Изведовме интегрирана комуникациска стратегија:
- Прецизно сетирана маркетинг кампања и социјални медиуми
- Герила постери и креативни drop кампањи
- Соработки со глумци за reels
- SEO оптимизирана блог објава за старт
Професионално видео продукциско искуство
За дополнително засилување на брендот, LeanBrandz организираше целосна продукција на рекламен спот, од идеја до објава:
- Сценарио – креативна идеја базирана на бренд вредности и стил
- Опрема од висок ранг – 4K камера, стабилизатори
- Осветлување и сценографија – прилагодени за модна естетика и Instagram-ready кадри
- Пост-продукција – монтажи, транзиции, саунддизајн, color grading
Клучни научени лекции
Нашата задача не беше само „да направиме ново лого“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира, претставува доверба и продава сам по себе.
- Јасна GTM стратегија е основа за успешен пазарен влез
- Комбинација на физичко и дигитално присуство од првиот ден дава силен ефект
- Традиционалното отворање на продавница со настан сѐ уште функционира – ако се организира паметно
Резултатите (првите 60 дена по лансирањето)
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.




