GrowPro

Зошто да го изберете овој пакет?

GrowPro

36.000 ден.

месечно

2 рекламни кампањи на социјални медиуми

Графички решенија за кампањите (креативи/слики)

Професионално напишан текст за промоција на рекламните кампањи

6 објави/слики на социјални медиуми (Facebook & Instagram)

3 видеа за социјални медиуми (Faceless или снимени)

Оптимизација на профилите на социјалните медиуми за подобро корисничко искуство

Извештај за двете кампањи по завршувањето

2 маркетинг кампањи на социјални медиуми

Овој пакет ви нуди две одделни маркетинг кампањи на социјалните медиуми, што значи двојно повеќе можности за рекламирање на вашиот бизнис. Со две кампањи, можете да таргетирате и рекламирате различни аспекти на вашиот бизнис или да достигнете до различни сегменти од вашата целна публика. Овие реклами се специјално искреирани од страна на професионални маркетери и се персонализирани за секој бизнис поединечно. Постојано се оптимизира, со цел подобрување на секојдневните резултати. Наменета е да генерира повеќе клиенти, продажби и најважното, зголемен профит.

Графички решенија за рекламната кампања​

Добивате професионално дизајнирани креативи/слики за двете ваши рекламни кампањи, со единствена цел, да привлекуваат внимание и да ја пренесуваат пораката на вашата рекламна кампања. Истите се во склад со вашиот брендинг, ги зголемуваат значително шансите за успешност на рекламните кампањи и оставаат исклучителен впечаток кај целната публика.

Текст за промоција на кампањите

Креативен и убедлив текст за 2те рекламни кампањи кој ќе ја истакне вредноста на вашиот производ или услуга, поттикнувајќи ги потенцијалните клиенти да преземат акција веднаш штом ја видат рекламата. Овој текст е внимателно составен да одговара со графичките решенија/креативите.

6 Објави на социјални медиуми

Добивате 6 професионално креирани објави за Facebook и Instagram. Овие објави ќе бидат дизајнирани да ја зголемат видливоста на вашиот бренд и да генерираат интерес за вашите производи или услуги. Редовното објавување на квалитетна содржина е клучно за одржување на активно онлајн присуство и градење лојална база на следбеници.

3 видеа за социјални медиуми

Пакетот вклучува креирање на 3 видеа специјално дизајнирани во reel формат за на социјалните медиуми. Видео содржината е исклучително ефективна за привлекување внимание и зголемување на на интерес од страна на публиката. Видеата може да бидат Faceless или снимени од наша страна, во зависност од потребите на вашиот бизнис. Видеа ќе бидат конкретно оптимизирани за Facebook, Instagram и TikTok.

Оптимизација на профилите за подобро корисничко искуство

Нашиот тим ќе ги прегледа и оптимизира вашите профили на социјалните медиуми за да обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Ова вклучува подобрување на вашите биографии, профилни, насловни слики, и препораки за организација на целокупната ваша содржина. Правилно оптимизираните профили се од исклучителна важност кога станува збор за подигнување на нивото на вашиот бизнис.

Извештај за двете кампањи по завршувањето

На крајот на секоја кампања, ќе добиете детален извештај каде се претставени перформансите и резултатите. Овие извештаи вклучуваат клучни метрики како досег, кликови, конверзии, потрошен буџет и целокупна ефикасност, давајќи ви јасна слика за успехот на вашите кампањи. Дополнително, ќе добиете увид и препораки за идни подобрувања, овозможувајќи ви континуирано да ја зголемувате ефикасноста и влијанието на социјалните медиуми.

Што можете да очекувате од GrowPro?

GrowPro пакетот овозможува унифициран визуелен идентитет на вашиот бренд кој ја зајакнува вашата препознатливост на пазарот. Со вклучените две платени (Meta) рекламни кампањи, ќе добиете загарантирано зголемен број на продажби за вашите производи или услуги. Додека со конзистентни објави во популарен формат, не само што ќе го зголемите вашиот профит, туку и ќе постигнете двојно поголем досег до вашата целна публика. Пакетот исто така гарантира подобрено корисничко искуство и разновидност во пласираната содржина, што ќе ви помогне да се издвоите од конкуренцијата.

Јавете се или пишете ни

Го направивте вашиот избор? Исконтактирајте не бидејќи, време е за промена.

Е-МЕЈЛ
ТЕЛЕФОН
РАБОТНИ ЧАСОВИ

Испратете ни е-мејл, а ние ќе ви одговориме во најбрз временски рок.

Scroll to Top