GPM Consulting со комплетно нов изглед, дигитално присуство и подобрена онлајн комуникација
GPM Consulting е компанија што нуди консалтинг услуги во индустрии каде довербата, експертизата и организацијата се клучни. Нашата цел беше да изградиме визуелна и дигитална поставеност што јасно ја прикажува стручноста и професионалната практика на компанијата на едноставен и современ начин.
Предизвикот
GPM имаше потреба од појасно позиционирање и подобро онлајн присуство. Досегашните материјали и комуникации не го прикажуваа обемот и квалитетот на услугите што компанијата ги нуди. Предизвик беше да се изгради систем што изгледа сигурно, чисто и професионално, и кој ќе ги претстави услугите на јасен начин за различни типови клиенти.
Дополнително, GPM работи со компанија од различни индустрии и големини. Тоа значеше дека веб страницата и визуелниот стил треба да бидат доволно современи за да изгледаат актуелно, а во исто време доволно сериозни за да ја одразат природата на консалтинг секторот.
Визуелен идентитет
Визуелниот систем на GPM го изградивме со фокус на јасност и стабилност. Логото, палетата и типографијата создаваат чувство на професионалност и структура. Корпоративните документи, презентациите и дигиталните шаблони се усогласени со истиот стил, што обезбедува уреден и современ изглед во секоја комуникација.
Маркетинг и тестирање
За да ја подобриме дигиталната видливост на GPM, спроведовме сет тест кампањи со различни пораки и публики. Целта беше да се утврди кои групи реагираат најдобро на услугите и кои типови комуникации даваат најдобри резултати.
Тестирањето ни помогна да создадеме појасен комуникациски систем и подобро да го разбереме пазарот. Кампањите покажаа дека јасните, едноставни пораки и професионалниот визуелен стил се најдобри за привлекување на вистинската публика.
Веб-страница
Веб страницата ја изградивме со цел да биде информативна и лесна за користење. Секоја услуга е објаснета со јасен текст и уредна структура што му дозволува на посетителот да разбере што добива уште со првиот поглед. Дополнително, страницата вклучува референци од сите компании со кои GPM има работено, за да се засили довербата и кредибилитетот.
Дизајнот е современ, визуелно смирен и чист. Секој елемент е поставен така што ја задржува професионалноста на брендот и дозволува лесно снаоѓање низ целата платформа. Веб страницата е целосно респонзивна и оптимизирана за мобилни уреди.
Следење и унапредување
По поставување на новиот систем, започнавме редовно следење на перформансите. Ова вклучува преглед на содржини, подобрување на текстови, анализа на посетеност и препораки за постојано подобрување на веб страницата.
Овој процес ја одржува платформата современа и функционална, а комуникацијата постојано во линија со потребите на клиентите.
Резултати и заклучоци
GPM доби јасен и професионален дигитален систем што ја прикажува реалната вредност на компанијата. Новата веб страница ја подобри прегледноста на услугите и ја зголеми довербата кај посетителите. Визуелниот идентитет создаде конзистентен изглед, а тест кампањите помогнаа да се разбере што функционира најдобро во комуникацијата.
Проектот покажа дека структурираната визуелна логика и чистото дигитално присуство се клучни за компании во оваа индустрија. Кога сите елементи се усогласени, брендот изгледа стабилно, сигурно и подготвено за нови пазари.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.