Global Handball Summit: Брендинг и комуникација што играат на светско ниво
Global Handball Summit е нова, амбициозна иницијатива која има за цел да стане водечка интернационална платформа за ракометна едукација, поврзување и иновации.
Целта беше да се изгради препознатлив бренд со професионален идентитет и комуникација која ќе привлече учесници од целиот свет.
Предизвикот
Една од клучните цели беше позиционирање на Global Handball Summit како водечка платформа за дискусии, тренинг, и нетворкинг.
Затоа LeanBrandz работеше на:
- Професионално дизајнирано лого кое ќе ја пренесе глобалната димензија на самитот
- Конзистентен визуелен идентитет применлив на сите комуникациски канали
- Стратегија и менаџмент на социјални медиуми за зголемена видливост, доверба и учество
Едноставно, направивме анализа на практики кои функционираат на регионално и глобално ниво, па од истите направивме персонализирана стратегија за Global Handball Summit.
Решението: Брендинг и комуникациска насока
LeanBrandz ги пренасочи брендингот и комуникациската насока кон достигнување на целосна трансформација, базирана на прецизност, елеганција и подготвеност за раст.
- Дизајн на логотип и визуелен идентитет
- Менаџмент на социјални медиуми
- Порамнување со таргет публиката
- Освежување на пораките и позиционирањето
Менаџмент на социјални медиуми
Воведовме стратешки менаџмент на три платформи (Instagram, Facebook, LinkedIn) со содржина што ја носи атмосферата на настанот уште пред неговото одржување.
- Countdown графики
- Претставување на говорници
- Видео интервјуа и мотивациски цитати
- Live reports и пост-настан highlights
Дизајн на лого
Креиравме модерно, динамично лого инспирирано од движењето, спортот и глобалната мрежа на професионалци:
- Стилизирана силуета на ракометар/ка во акција
- Сфера која симболизира глобална поврзаност
- Боја палета од смели и енергични нијанси: сина и портокалова
Поставен професионален визуелен идентитет
Развивме целосен бренд водич со дефинирани:
- Основни и секундарни бои
- Типографија насочена кон професионалност и читливост
- Елементи инспирирани од движење и мрежна структура (симболика на игра и поврзаност)
Клучни научени лекции
Нашата задача не беше само „да направиме ново лого“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира, претставува доверба и оддава авторитет.
- Добар брендинг не е само визуелен – тој гради доверба, влијание и позиционирање
- Стратегиски социјални медиуми носат конкретни резултати: не само видливост, туку и конверзии
- Континуиран мониторинг и адаптација се клучни за врвен перформанс
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.