FDB Bau со јасен визуелен систем и врвна веб страница
FDB Bau е германска компанија која работи во градежништво и реновации и се потпира на точна изведба и јасна организација во секој проект. Целта на нашата соработка беше да се постави визуелен идентитет што изгледа уредно и сигурно и да се поддржи со интернет присутност и материјали што оставаат професионален впечаток уште при првиот контакт.
Предизвикот
Почетната визуелна поставеност беше премногу основна и без јасни правила за примена, па комуникацијата немаше ист изглед низ различни формати. Во оваа индустрија тоа брзо се забележува, затоа што луѓето очекуваат професионалнизам, прецизност и стабилност уште на самиот старт, па дури и преку начинот на кој е претставена компанијата. Потребно беше да се создаде систем и присуство што ќе изгледа модерно и ќе може лесно да се користи за дигитална употреба и за печатење.
Визуелен идентитет
Почнавме со редизајн на логото и поставување основен визуелен правец. Логото е изработено како вектор за да се задржи јасно и прецизно во секоја големина и во секоја примена. Самото лого претставува симбол а формите се геометриски и прецизни, со цел веднаш да се почувствува ред и стабилност, а изборот на бои и типографија е направен да изгледа чисто и читливо.
Како дополнување на идентитетот, подготвивме и кратка анимација на логото за дигитална употреба, со смирено движење што го нагласува чувството на стабилност и контрола.
Визит-картички
По поставувањето на визуелниот идентитет, визит картичките беа следниот логичен чекор. Тие беа дизајнирани да изгледаат уредно, читливо и прецизно, без силни декоративни елементи што би го одвлекувале вниманието. Распоредот е јасен, со доволно простор околу контакт информациите со цел лесна читливост при секојдневна употреба. Визит картичките се прилагодени секојдневна употреба специјално за Германскиот пазар и целосно се вклопуваат во поставениот визуелен систем на FDB BAU.
Резултати
FDB Bau доби конзистентен брендинг кој изгледа врвно, прецизно и е подготвен за употреба во секојдневната деловна комуникација, за дигитално присуство и за печатење. Визуелниот идентитет, веб страницата и визит картичките сега ја пренесуваат истата порака како и начинот на кој компанијата работи, со ред, прецизност и јасна организација. Тоа ја олеснува комуникацијата со клиенти и партнери и остава сериозен прв впечаток без дополнителни објаснувања.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.