Bubbly: Како ја изградивме најпозитивната пет бренд приказна во Скопје
Bubbly е првата самопослужна бања за миленици во Македонија. Кога пристапија кај нас немаа поставен брендинг, визуелен идентитет ниту стратегија за комуникација, едноставно беа на сам почеток. Нашата задача беше да искреираме GTM (go to market strategy), комуникациска стратегија и да ја оформиме приказната на Бабли во целина. Главната цел беше да ги претставиме на вистински начин за да допреме до вистинската публика, да создадеме доверба и да го промениме начинот на кој граѓаните ја перципираат грижата за своите миленици.
Предизвикот
Пазарот за ваков вид на услуги за миленици во Скопје беше скоро непознат: луѓето не беа запознаени воопшто со самопослужна бања. Како да создадеме бренд кој ќе биде препознатлив и привлечен за сопствениците на миленици? Како да ја објасниме услугата, да искриераме интерес и да поттикнеме доверба кај публика што прв пат се запознава со ваков тип на услуга? Пред нас стоеше задачата да создадеме целосен бренд систем и комуникација, од логото, па до целосно визуелно претставување, платениот маркетинг, содржините и менаџмент на сите социјални медиуми.
Визија и позиционирање
Нашата цел беше едноставна: Bubbly да стане препознатлив бренд за бањање и нега на миленици, кој ќе предизвикува емоција на грижа, топлина и разбирливост, а ќе изгледа сериозно и доверливо. Решивме дека визуелниот идентитет треба да носи оптимизам, нежност и грижа, бидејќи милениците се сепак дел од семејството. Стилот треба да биде современ, свеж и пријатен, така што секој што ќе погледне креатива на Бабли веднаш ќе разбере дека станува збор за остварување на комуникација со некој свој, некој кој се грижи за нив.
Бренд материјали и визуелен систем
За еден бренд да биде препознатлив, потребно е конзистентно визуелно присуство на сите канали. Затоа развивме комплетен систем на материјали кои го одразуваат карактерот и вредностите на Бабли.
- Создадовме визуелен идентитет: палета бои, типографија и стил на фотографија.
- Изработивме уникатно векторско лого кое соодетствува со визијата и замислата зад брендот
- Изработивме брендбук (brand book) со упатства за примената на елементите низ сите канали.
- Подготвивме темплејти за објави, флаери, постери, дигитални елементи кои секогаш го следат бренд стилот.
- Целосно брендирање на локалот (дизајни за машината, излози, светлечка реклама)
Контент стратегија и маркетинг
За да изградиме препознатлив бренд и заедница околу Бабли, развивме контент стратегија што комбинира креативност, емоција и директна интеракција со публиката.
- Редовни објави со кориснички приказни, совети за нега, фотографии и видеа на миленици.
- Снимивме професионални реклами според најнови стандарди со оживување на дигитален карактер и имплементиравме персонификација на кучиња, видеа со упатства за користење на машината (FPV) и серија на други рекламни видеа.
- Интеракција со следбеници — коментари, пораки, вклучување на содржина од корисници (UGC).
Дигитална подготвеност
и кампањи
- Развивме визуелни темплејти за социјални мрежи што се лесни за примена и препознатливи.
- Креиравме креативи кои ја комуницираат вредноста и емоцијата на услугата — миленичиња, зад сцената, процесот.
- Лансиравме повеќе Brand Awareness i Engagement платени реклами на Facebook/Instagram таргетирани според географска област и интереси.
- Според потребата, правевме И (A/B) тестирање на креативи, пораки и видеа за подобра оптимизација на буџет и добивање на подобри резултати во целост.
- Сите реклами беа внимателно осмислени, од Coming Soon, до рекламата за отворање на локалот, па запознавање со основните карактеристики и инструкциите за процесот на бањање, како и реклама со персонификација на кучиња, па дури и снимање на реклами со вистински миленици
- Редовни објави со кориснички приказни, совети за нега, фотографии и видеа на миленици.
Следење, анализа и усовршување
Податоците ни беа главен водич – преку внимателна анализа и прилагодување ја оптимизиравме секоја кампања за максимален ефект.
- Поставивме KPI панели (reach, engagement, трошоци по акција).
- Редовно анализиравме податоци и вршевме прилагодувања: зголемување на буџет кај успешни реклами, а ги елминиравме неефикасните.
- Форсиравме кампањи според успешноста — држевме фокус само на оние кои носат вистински резултати.
Фото и видео продукција
Визуелната приказна беше клучна за лансирањето на Бабли, па вложивме во професионална фото и видео продукција што ја долови суштината на брендот.
- Организиравме фотосесија за отворањето со цел да го прикажеме просторот и искуството на првиот ден.
- Снимавме со GoPro камера за FPV кадри од процесот на бањање за да се долови ефектот од перспектива на прво лице
- Снимивме рекламно видео со две кученца (беа прекрасни актери), преку кое ја доловивме забавната и емотивната страна на услугата.
- Активно фотографиравме миленици на терен, создавајќи галерија од автентични фотографии што се користат за објави и реклами.
- Секој визуелен материјал беше оптимизиран за Instagram Reels, Stories, Facebook и TikTok, со различни должини и формати за максимален досег.
Клучни научени лекции
- Емоција + релевантност: Содржини со миленици и искрени приказни создаваат огромна емотивна поврзаност.
- Фокус на слаби точки: Клиентот сака брзина и удобност — ја решивме таа пречка со прецизна комуникација и „без чекање“ моментот.
- Постојано тестирање: Постојано испробување на нови креативи или видеа — секогаш ги прилагодувавме и тестиравме според добиените метрики.
- Синергија онлајн + офлајн: Дигиталниот брендинг ја поддржа физичката промоција на Бабли и обратно.
- Стандарди при брендирање: Brand book - от и стандардите гарантираат доследност низ сите канали и точки на контакт.
Резултатите (првите 60 дена по лансирањето)
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.












