Bekjarovska Monitoring: со целосно нов бренд и веб врвна платформа
Bekjarovska Monitoring е американска компанија специјализирана за усогласеност со регулативите, безбедносен мониторинг и менаџмент на возачи. Нашата соработка со Bekjarovska Monitoring беше насочена кон создавање целосен визуелен идентитет и дигитална присутност што ги пренесува вредностите на доверба, стручност и систематичност.
Предизвикот
Компаниите во оваа област често се соочуваат со визуелна недореченост, иако самиот сектор бара максимална доверба и јасна комуникација. Bekjarovska Monitoring имаше потреба од современ идентитет што изгледа сериозно, смирено и професионално, без хаотичност или непотребни елементи. Предизвикот беше да се оформат визуелни стандарди што изгледаат сигурно и чисто, но и да се изгради веб сајт што прецизно ги објаснува услугите и овозможува лесно информирање на клиентите. Дополнително, требаше да се развие веб платформа што поддржува купување на курсеви, гледање на истите на самата платформа, финално полагање и оценување, автоматска сертификација, предавање на ZOOM во живо, итн..
Визуелен идентитет
Создадовме визуелен систем кој го истакнува карактерот на компанија која работи со чувствителни податоци и разни регулативи. Логото е искреирано со јасни линии и стабилна форма што пренесува доверба. Типографијата е внимателно одбрана за да биде читлива и современа, а палетата со интензивни тонови додава чувство на професионалност и техничка подготвеност.
Визуелниот стил е изработен така што делува чисто и енергично во сите контексти, од дигитални екрани до сите бренд материјали.
Информативна Веб-страница
Веб страницата ја организиравме со структура што овозможува лесно разбирање на услугите и експертизите на компанијата. Дизајнот е современ и визуелно уреден, со јасни секции што ја откриваат суштината на работата без непотребни елементи. Навигацијата е едноставна и логично поставена, што му овозможува на посетителот брзо да се снајде и да ги најде сите информации што му се потребни.
Интерфејсот е оптимизиран за мобилни уреди и брза ориентација, а визуелниот стил задржува чувство на сигурност и транспарентност. Овој пристап создава веб страница што изгледа современо, делува професионално и му нуди на корисникот јасен преглед на услугите уште при првиот контакт.
Платформа - Академија
Академијата на Bekjarovska Monitoring е образовна платформа каде корисниците можат да купат курсеви, да ги следат директно на платформата и да полагаат по завршување. Лекциите се организирани по јасен редослед, а системот овозможува оценување и автоматска сертификација.
Платформата поддржува и предавања во живо преку ZOOM, што им овозможува на корисниците да добијат насоки и одговори во реално време. Додадена е и FAQ секција поврзана со FMCSA регулативите, со цел сите важни информации да бидат лесни за разбирање и секогаш достапни.
Бренд документација и дигитална конзистентност
За да ја заокружиме комуникацијата, создадовме дизајн за различни материјали што ја следат визуелната структура на брендот. Подготвени се меморандуми, е мејл потписи и дигитални темплејти кои изгледаат врвно и професионално.
Целта беше да се обезбеди конзистентен изглед во секој сегмент на компанијата, без разлика дали станува збор за официјална комуникација или дигитална презентација.
Резултати и насоки
Со новиот визуелен систем Bekjarovska Monitoring доби јасен и препознатлив идентитет што изгледа современо и врвно во секој контекст. Веб страницата нуди уредна структура, лесно снаоѓање и професионална презентација на услугите, а бренд материјалите ја зајакнуваат сликата на компанијата и создаваат доследен впечаток при секој контакт.
Дополнително, веб платформата ја зголеми практичната вредност на брендот, бидејќи овозможува учење, полагање и сертификација на едно место. Овој систем ја поедностави работата на корисниците и создаде нов начин на поврзување со компанијата.
Проектот покажа дека компаниите во областа на регулативи и безбедност најмногу добиваат од визуелна јасност и добро организирана дигитална комуникација. Кога сите елементи се поврзани во единствен стил, се создава доверба што е од суштинско значење за овој тип услуги, а консистентноста станува клучен дел од професионалниот впечаток.
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.