ACA Sports Management со целосно нов изглед и врвен маркетинг

ACA Sports Management е агенција која се посветува на менаџирање на кариерата на фудбалери. Од скаутирање и трансфери до договори, финансиска и правна поддршка, како и грижа за дигиталното присуство. Со нашата соработка, целта беше да им помогнеме да ја претстават својата професионалност и услуги на врвен начин.

Предизвикот

ACA се соочуваше со потреба нивните услуги да бидат прикажани појасно и поуредно. Иако работат со професионални спортисти и клубови, дигиталната комуникација не ја пренесуваше нивната реална вредност. Главниот предизвик беше да се изгради јасна структура на услугите, професионален визуелен стил и веб страница што изгледа современо и лесно се користи. Ова требаше да го зголеми чувството на доверба и да им помогне на потенцијалните клиенти да го разберат процесот на работа.

Визуелен идентитет

Работевме на визуелен систем што ја одразува природата на спортскиот менаџмент. Палетата, типографијата и визуелните елементи создаваат чувство на стабилност и професионален пристап. Првиот чекор беше изработка на ново векторско лого што ја симболизира енергијата, движењето и стабилноста – три вредности кои ја дефинираат суштината на спортскиот менаџмент.

Корпоративните материјали, дигиталните темплејти и помошните графички елементи се модерни и конзистентни.

Овој пристап го постави ACA како агенција со јасно дефиниран визуелен стил што лесно се препознава.

Развој на Веб-страница

ACA Sports Management доби современа веб страница што претставува професионален центар за комуникација со спортисти, клубови и медиуми. Содржината е организирана во категории како About, Services, Athletes и Contact, со што посетителот добива јасен преглед уште при првиот влез.

Визуелните елементи комбинираат професионални фотографии и минимален текст, а интерфејсот е оптимизиран за мобилни уреди и брзо вчитување. Страницата има поставена јасна структура за контакт и нови соработки, што овозможува лесна комуникација и подобро искуство за сите корисници.

Маркетинг и тестирање

Согласно потребите на агенцијата, направивме тестирања со различни пораки и насоки за комуникација. Во овој процес вклучивме платен маркетинг на социјалните медиуми, редовен менаџмент на профилите и креирање содржини што ги објаснуваат услугите на јасен и непосреден начин. Тестовите ни помогнаа да разбереме како најдобро да ги претставиме услугите пред спортисти и клубови. Најдобри резултати дадоа кратки и директни пораки со прецизно објаснување на вредноста што ја нуди агенцијата, што потврди дека публиката бара едноставна и користна информација без непотребни дополнувања.

Клучни научени лекции

ACA Sports Management доби уреден и професионален дигитален систем што точно ја пренесува природата на нивните услуги. Новиот веб сајт овозможува брзо разбирање на понудата, а визуелниот стил создава поголема доверба. Агенцијата изгледа поорганизирано, појасно и посериозно пред потенцијалните клиенти.

Пораснете со LeanBrandz

Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.

Scroll to Top

Закажи состанок
со тимот на LeanBrandz

Пополнете ја подолу кратката апликација

Важно

Соработуваме само со компании кои имаат високи стандарди за квалитет.
Нашите маркетинг услуги се на премиум ниво и очекуваме нашите клиенти да имаат исти вредности.

✅ Доколку сте подготвени да инвестирате во врвни маркетинг услуги кои ќе ја скалираат вашата компанија на ново ниво – тогаш одговорете на прашањата подолу и очекувајте наш повик 👇