Да бидеме искрени: Секој може да пушти реклами. Но не секој знае да направи реклама што не изгледа како реклама. Токму затоа… никој не клика.
Во оваа статија, ќе ги откриеме најчестите грешки што ги убиваат вашите кликови – и ќе ви покажеме што да направите за вашите реклами конечно да заработат внимание (и пари).

Зошто таргетирањето е клучно за успех

Зошто таргетирањето е клучно за успех

Повеќето реклами не пропаѓаат затоа што се не се добри – туку затоа што зборуваат со погрешна публика. Рекламирањето на „жени 25-45 години, интереси: мода, храна, патувања“ звучи детално – ама е премногу широко за да биде ефикасно.

Клучна грешка: таргетирате демографија, не личност.

Решението: направете конкретна персона. Замислете ја:

Мила, 33 години, има две деца, редовно заборава каде ги оставила клучевите – ама попустите ги памети подобро од годишнината од брак.

Пишувајте ѝ на неа. Ако некој друг се пронајде – одлично. Но барем ќе зборувате директно со некого, а не во празно.

Дополнително: Вклучете ја психографијата – каков живот живее, што ѝ пречи, што ја насмевнува. Таргетирањето не е техничка поставка, туку емпатичка вежба.

Како лоши креативи ја уништуваат вашата рекламна стратегија

Како лоши креативи ја уништуваат вашата рекламна стратегија

Погледнете ги вашите реклами. Дали навистина би застанале да ги прочитате? Или изгледаат како уште еден генерички банер што ќе го скролате автоматски?

Најчести визуелни грешки:

  • Слики што се видени 1.000 пати (и тоа на конкуренцијата)
  • Дизајни што се преоптоварени со текст и немаат фокус
  • Визуели што не комуницираат ништо за брендот

Најчести текстуални грешки:

  • „Нашиот производ е најдобар…“ – и што сега?
  • Генерички пораки без вредност
  • Немање повик на акција – или уште полошо, досаден CTA како „Кликни тука“

Совет од LeanBrandz:
Вашата реклама треба да изгледа и звучи како нешто што личи на содржина – не на продажен банер.
Пример за паметни реклами:

  • „Твојот десерт заслужува подобар цимет.“
  • „Кликни пред да се премислиме.“
  • „Ова не е реклама. Или можеби е.“

Секој елемент треба да разбуди љубопитност, емоција или насмевка. Ако не – назад на прв час.

Анализа на неуспешни кампањи и како да ги избегнете

Анализа на неуспешни кампањи и како да ги избегнете

Да, некогаш рекламите не функционираат. Но повеќето бизниси прават една иста (скапа) грешка: „Не работи? Потроши уште 50 евра.“

Ајде подобро да анализираме:

1. Продажба без вовед

Не можете да барате „Купи сега“ од некој што не знае кој сте. Без доверба – нема кликови.

Решение: Направете рекламна низа (funnеl):

  • Прва реклама: проблемот
  • Втора: решението
  • Трета: понуда

2. Нема тестирање – или има премногу без стратегија

Пуштате 5 верзии? Добро. Но што точно тестирате?
A/B тестот без хипотеза = конфузија.

Тестирајте еден елемент по тест:

  • Наслов vs. визуел
  • Повик на акција
  • Различни публики

3. Лош тајминг

Најдобрата реклама пропаѓа ако ја пуштите во 3 сабајле.

Пример:

  • Продуктивност? Понеделник сабајле.
  • Уживање? Петок попладне.

Анализирајте кога вашата публика е активна – и прилагодете го тајмингот.

4. Не следите вистински резултати
Кликот не е крај. Тој е само почеток.
Следете:

  • Bounce rate
  • Conversion rate
  • Време на сајт

Поставете цели. Бидете спремни да учите. И од добрите, и од лошите резултати.

Заклучок

Не е до буџетот – туку до стратегијата.
Добрата реклама е како добра пица: не се прави само од „квалитетни состојки“, туку од вистинскиот баланс.