GoHealthy: Бренд што ја пренесува здравата филозофија
Go Healthy е нов бренд кој го освои пазарот со природни производи за здрав живот и исхрана. За да го постигнеме ова моравме да се посветиме на неколку различни аспекти околу лансирањето и промоцијата на брендот.
Предизвикот
За еден ваков бренд да стане препознатлив во индустријата, неопходни се следниве клучни елементи:
- Да се создаде визуелен идентитет кој зрачи со свежина, модерност и сигурност
- Да се дизајнираат флексибилни пакувања за различни производи и формати
- Да се изработат комуникациски материјали што ќе го позиционираат брендот како сериозен и доверлив избор во полето на здрава храна
- Да се осигури конзистентност на брендот низ сите допирни точки – од налепници, до лого и промотивни флаери
Имаа силна оперативна машинерија – но не и маркетинг мотор што ќе ја води нивната експанзија.
Решението: Уникатен пакет за лансирање на пазарот
Се фокусиравме на препознатливоста уште од самиот старт за што полесен влез на пазарот. Она што го сработивме беше:
- Развој на визуелен идентитет
- Дизајн на над 20 кутии/пакувања
- Флаери и печатени материјали
Развој на визуелен идентитет
На самиот почеток на соработката го започнавме брендирањето од основните бренд елементи:
- Креиравме препознатливо лого кое ја отсликува мисијата на брендот – природно, чисто и енергично.
- Боите, типографијата и иконографијата беа внимателно одбрани за да предизвикаат чувство на свежина, здравје и доверба кај потрошувачите.
Дизајн на над 20 пакувања
Го истакнавме бренд идентитетот кој го создадовме.
- Изработивме низа дизајни за различни производи – чаеви, додатоци во исхрана, масла и прашоци.
- Секој дизајн е оптимизиран за лесна препознатливост, разликување на вкусови или видови, и истовремено задржување на унифициран изглед на брендот. Дизајните се оптимизирани целосно за печатење.
Клучни научени лекции
Успешноста на секое лансирање на бренд на пазарот може да се измери по иницијалната препознатливост која успеавме да ја создадеме за GoHealthy. Со наша поддршка брендот:
- Брзо стекна препознатливост меѓу конкурентите
- Ја зголеми довербата кај клиентите уште при првиот контакт
- Доби визуелна конзистентност низ сите канали, што значително придонесе за зголемување на продажбата
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.