AY Trucking: Бренд трансформација за раст и регрутација
AY Trucking LLC е логистичка компанија од Соединетите Американски Држави, позната по сигурниот транспорт на стоки и фер пристапот кон возачите. Со фокус на транспарентност и можности за раст – особено за странски возачи – AY Trucking постојано го проширува својот тим и возен парк.
Предизвикот
Иако веќе препознатливи во индустријата, AY Trucking се соочуваше со неколку клучни проблеми:
- Отсуство на јасен и модерен визуелен идентитет
- Недостиг на централизирана и професионална веб-страна
- Недоследна комуникација преку дигиталните канали
- Немање на структуриран процес за регрутација на возачи
Имаа силна оперативна машинерија – но не и маркетинг мотор што ќе ја води нивната експанзија.
Решението: Редефинирање на целокупната стратегија
Во рамки на долгорочна соработка, LeanBrandz ја презеде задачата целосно да ја редефинира дигиталната и комуникациската стратегија на AY Trucking, со фокус на позиционирање како посакуван работодавач за возачи во САД и пошироко.
- Целосен ребрендинг
- Веб-страна што продава и регрутира
- Систем за регрутација на возачи
- Маркетинг стратегија и континуирана поддршка
Целосно ребрендирање
На самиот почеток на соработката го започнавме ребрендирањето од основните бренд елементи:
- Изработивме ново лого кое симболизира сила, движење и доверба
- Дефиниравме боена палета и типографија со професионален и модерен изглед
- Креиравме визуелни насоки за доследна употреба на брендот во сите формати (веб, печат, реклами)
Веб-страница што продава и регрутира
Изградивме целосно нова веб-страница со:
- Мобилна адаптивност и брзо вчитување
- SEO структура за зголемена видливост на Google
- Интегрирани форми за апликации и контакт
- Јасни CTA (повици за акција) за регрутација и вмрежување
Систем за регрутација на возачи
Хаотичен пристап на обработка на лидовите може да донесе до изгубени потенцијални соработници. Ние го направивме следново:
- Креирани се персони на идеални кандидати
- Изработени landing страници за препораки и директни апликации
- Сетиравме систем за автоматизирано следење на апликации
Маркетинг стратегија и континуирана поддршка
По детална анализа на предности и недостатоци во промоцијата на AY Trucking, направивме микс од маркетинг практики кои ефективно го позиционираа клиентот како посакуван работодавач:
- Кампањи за регрутација по квартали
- Стратегија за социјални медиуми со искуства на возачи
- План за содржина: едукативни видеа, приказни од терен и совети за возачи
Клучни научени лекции
Успешноста на секој проект се познава по достигнувањето во однос на однапред поставените цели за раст на компанијата. Зошто функционираше нашиот пристап?
- Не само што создадовме бренд – изградивме систем.
- Се фокусиравме на вистинската предност на AY Trucking: грижа за возачите
- Ги поврзавме брендирањето, регрутацијата и стратегијата во единствена, долгорочна рамка
Резултатите (првите 60 дена по лансирањето)
Thanks to the exceptional service provided by Alexander and his team, AY Trucking LLC has experienced a significant increase in qualified drivers for our fleet. LeanBrandz are indeed experts when it comes to generating targeted leads, branding, and web design. We couldn't be happier with the results!
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.