Како MiCasa прерасна во препознатлив бренд
MiCasa Academy – школа за професионална гастрономија со седиште во Скопје, која подготвува шефови со меѓународна перспектива. Под водство на искусниот шеф Хабип, академијата нуди обука инспирирана од кујните на Истанбул, Дубаи и Москва. Сепак, во јавноста, MiCasa не изгледаше онолку силно колку што навистина беше.
Ребрендирање и маркетинг предложено од од нашиот тим кои што донесоа супер резултати за кратко време.
Предизвикот
MiCasa нудеше квалитет, искуство и професионализам, но изгледот на брендот го кажуваше спротивното. Причини за потребата од соработка со LeanBrandz:
- Визуелна презентација која не оддаваше доверба
- Немаа никаква веб страница
- Недоволна активност на социјалните мрежи
- Недефинирана приказна и нејасна комуникација
Едноставно, брендот не одговараше на вистинскиот капацитет и потенцијал на академијата.
Решението: LeanBrandz ја воздигна MiCasa на едно повисоко ниво
Нашата задача не беше само „да направиме ново лого“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира, претставува доверба и продава сам по себе.
Нов визуелен идентитет
- Модерен логотип со силен кулинарен карактер
- Палета на бои што асоцира на квалитет, топлина и професионализам
- Детален бренд-бук за визуелна и комуникациска доследност
- Беше изработена наменска презентација со сите најважни информации за академијата и визуелно естетски ја средивме да биде што попривлечна за идните студенти кои доаѓаат на информативен состанок
- Ги ребрендиравме профилите на социјалните платформи и го унифициравме новиот стил низ сите канали за комуникација
Изработка на веб страница
Врвна естетика, ултра лесна навигација и едноставна комуникација која секој може да ја разбере.
- Модерен дизајн кој е респонзивен на сите уреди и е во согласност со сите најнови стандарди, се вклопува со кулинарската индустрија и ги следи сите тековни дизајнерски практики.
- Фокус на вистинските вредности на академијата
- Интегрирани форми, повици на акција и визуелни елементи што поттикнуваат апликации
- Landing pages исклучиво наменети за делот со платениот маркетинг и за интензивирање на желбата на заинтересираните да го резервираат своето место на академијата на лесен и едноставен начин.
Стратегија за социјални мрежи
Нашата задача не беше само „да направиме ново лого“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира, претставува доверба и продава сам по себе.
- Развиена комуникација за млади, родители и странски студенти
- Креативи што привлекуваат внимание и го рефлектираат новиот бренд
- Органски раст и зголемена видливост без платена промоција во почетната фаза
- Напредно спонзорирање на таргетирани објави и реклами во втората фаза
Клучни научени лекции
Нашата задача не беше само „да направиме ново лого“. Наша цел беше да изградиме бренд што инспирира, претставува доверба и продава сам по себе.
- Ребрендирањето не е трошок — тоа е повратна инвестиција
- Вашиот визуелен идентитет директно влијае на довербата и продажбата
- Правилната агенција може да ви донесе резултати и без „огромен буџет“
Резултатите (првите 60 дена по лансирањето)
Сè ни се смени. Изгледаме професионално, се чувствуваме посигурно и студентите нè гледаат со нови очи. LeanBrandz не нè ребрендираше само визуелно, го ребрендираше целиот углед на академијата.
Основач на MiCasa Academy
Пораснете со LeanBrandz
Кликнете на копчето и закажете состанок, за да го започнеме процесот на вашата трансформација.